Гостивар
Танчерите од Гостивар се пласираа на Европско и Светско првенство по модерни танци

На Државниот натпревар по модерни танци, што се одржа викендов во Македонската опера и балет во Скопје, танчерите од IDance студио од Гостивар забележаа значителни успеси во повеќе категории.
Во категоријата Мини кидс од 4 до 7 години, групата од Гостивар освои прво место.
Со победа и прво место се закити и гостиварецот Анди Исмаили во категорија соло изведби – машки, додека групата од 7 до 11 години освои трето место.
Со постигнатите резултати во сите три категории, малите танчери од Гостивар обезбедија пласман за Европското и Светското првенство по модерни танци.
„Презадоволни сме од организацијата и текот на Државниот натпревар, како и од нашите достигнувања. Резултатите покажуваат како напредуваме и растеме со секој натпревар и секој настап. Се надевам на успеси и во иднина“, рече Сарита Селмани, под чие водство работи ова денс студио.
Европското првенство ќе се одржи во декември годинава во Полска, додека Светското, во јуни следната година во Чешка.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите