Гостивар
Таравари: Антикорупциска да ги види дивоградбите во Чаир, Струга, Струмица…Случајот за Гостивар е политички нарачан!

Откако од Државната комисија за спречување корупција вчера посочија дека гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари не преземал мерки против дивоградба, и покренаа иницијатива за барање кривична одговорност, првиот човек на Гостивар ги демантира обвинувањата, потенцирајќи дека се работи за политички нарачан случај од страна на владеачкото мнозинсво.
„Антикорупција излезе со некое обвинување дека во Гостивар имало некоја дивоградба и градоначалникот три години предметот го држел во фиока и не постапувал, што не е вистина. Ова воопшто не е дивоградба, како што ги има во Чаир, Сарај, Струга. За објектот, има решение за градба, не се работи за станбена зграда туку за приватна куќа која во тек на градба има излезено три метри од предвиденото. Дозволата за градба е земена на 20.7.2018. После 3 месеци кога бил изграден дел од куќата, нашите инспектори на терен констатирале дека е пречекорено од дозволата и веднаш е направен записник. Истовремено донесено е решение пречекореното да се отстрани. Градителот не постапил по решението, а инспекторите не застанале тука. Повторно на 18 март 2021 до решение е побарано од градителот да го отстрани делот што не е опфатен со дозвола за градба. Општината истовремено го пријавува случајот во јавното обвинителство во Гостивар. Без да биде правосилен предметот, ние не можеме да преземеме никаков чекор. Искрено, не знам дали господинот од Антикорупциска што зборуваше, ги знае законите или има притисок, па постапува на ваков начин. Барем треба да знае дека објект се урива со судска правосилна одлука. Таква одлука до нашата општина се уште не е стигната. Повторувам не се работи за дивоградба, туку за објект кој има дозвола, но излезено од дозволеното. И треба да се реши само тој дел. Би им предложил на антирокупционерите да ги видат дивоградбите кои се во Чаир, Сарај, Струмица, Струга, нека ги отворат очите, таму се на црно изградени и нема никакви постапки. Знам дека ова е политички нарачан случај, но ние немаме гајле, војуваме со овој режим веќе 5 години и ќе продолжиме така. Ние законски си работиме и граѓаните знаат подобро од сите други да вреднуваат а тоа е времето кога доаѓаат избори. И финансиската полиција и антикорупциска и комисијата против дискриминација, сите се луѓе кои се избрани од СДСМ и ДУИ“, рече Таравари на денешната прес конфереција на која покажа и документација за објектот за кој станува збор.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?