Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари: Блокирана жиро сметката на општината, ова е скандал!

Објавено

на

Општина Гостивар од утрово е со блокирана жиро сметка. Градоначалникот Арбен Таравари изјави дека сметката била блокирана од извршител, за неисплатен додаток на плати на вработени во Противпожарната единица од 2015 до 2017, период кога тој не бил на чело на општината. Се работи за вкупна сума од 100 илјади евра.

Блокирањето на жиро сметката во услови на вонредна состојба, Таравари го нарече скандалозен потег.

„Ова е скандал. Во вонредна состојба да се блокира жиро сметка. И покрај тоа што со лицата на кои општината им должеше дел од плати, јас се сретнав во мојата канцеларија и се договоривме да им бидат исплатени на рати, тие потоа по партиска директива се решиле на ваков чекор, да одат преку извршител. И сега општина Гостивар во вонредна состојба треба да функционира со блокирана сметка. Како и да е, сакам да им порачам на граѓаните дека ќе издржиме и ќе продолжиме да работиме“, рече градоначалникот.

Откако беше прогласена вонредна состојба за да се спречи ширењето на коронавирус, Владата донесе уредба со законска сила за запирање на примената на Законот за извршување, до 30 јуни 2020 година.

Според владината уредба извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија освен во случаи :„кај побарувања врз основа на законска издршка, со распределба на средствата пристигнати на нивните посебни сметки, доколку за тоа се исполнети законските услови, со дејствијата кои следат по наплатата на средства од должникот, успешно спроведени јавни надавања, или продажби со непосредна спогодба“.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена