Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари: Буџетот е инвестициски – опозициските советници: Буџетот е популистички и манипулаторски

Објавено

на

Иако беше едногласно усвоен на денешната седница на Советот на Општина Гостивар, буџетот за 2020-та година покрена силни спротивставувања меѓу општинската власт и опозицијата.  Градоначалникот Арбен Таравари нагласи дека буџетот е инвестициски, а непродуктивните трошоци се намалени.

„Капиталните инвестиции опфаќаат износ од над 3 милиони евра, и тука две третини ќе се финансираат од основниот буџет, мал дел донации и само 5% кредити. Предвидени изградба и реконструкции на локални патишта и улици како во градот, така и низ селата, важни проекти, канализации, водоводи и друго. Ова е еден инвестициски буџет. Тековните трошоци, таканаречени непродуктивни ги намалуваме за околу 300 илјади евра. Програмата на градоначалникот е минимална и многу помала во однос на градоначалниците во другите општини.“, рече Таравари.

Газменд Мемеди од советничката група на ДУИ го нарече буџетот популистички и манипулативен. „Ќе гласаме за буџетот, но ќе бараме извинување од граѓаните затоа што ова е популистички и манипулаторски буџет. Ќе го поддржиме само затоа што не сакаме повторно градоначалникот да губи време да не обвинува за опструкции, туку да го користи времето за да работи. Ова е популистички, манипулативен буџет, без стратегија“, потенцираше Мемеди.

Ставот на советничката група на СДСМ и НСДП на говорницата го искажа Зоран Анѓелов, од социјал-демократскиот сојуз.

„Го разгледавме буџетот и забележавме дека не се влезени доста проекти коишто ние ги предложивме во Развојната програма и има многу работи што треба да се сменат. Меѓутоа, поради конструктивност, како што беше и за минатиот буџет и за некои ребаланси, ние ќе го поддржиме буџетот.“, изјави Анѓелов.

И советникот од ДСР, Кашмир Салиу рече дека многу проекти кои биле во Развојната програма не се внесени во буџетот, но дека како претставник на ромската заедница, го поддржува затоа што содржи голем број на инфраструктурни проекти кои ги засегаат Ромите. „Ако претходно имаше образложение дека постојат пречки, некој го кочи буџетот, сега за прв пат имаме позитивна ситуација, што е одлична можност за целосна реализација. Јас цврсто ќе се залагам, Ресурсниот центар за Ромите, до крајот на мојот советнички мандат да се изгради и потенцирам дека будно ќе ја следам реализацијата на проектите што се зацртани“, нагласи Салиу.

Како што веќе пишувавме, буџетот на Гостивар за 2020-та година изнесува 18,5 милиони евра.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

Гостивар-Маќеа пријавена за малтретирање на својата малолетна поќерка

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена