Гостивар
Таравари: До утре се‘ ќе биде јасно, со Владата сме скоро синхронизирани

Речиси е извесно дека Алијанса за Албанците ќе влезе во Владата имајќи ја предвид најновата изјава на претседателот на партијата, Арбен Таравари кој рече дека скоро за се‘ што преговарале нашле заеднички јазик.
„Со Владата сме скоро за повеќето прашања синхронизирани, се надевам дека денеска, утре ќе завршиме конечно и тогаш ќе ги објавиме сите информации што се однесува за евентуалното влегување на Алијанса во Владата. За Министерства и директорски места не би зборувал додека не завршиме не би било коректно за да во меѓувреме не се смени нешто. Се надевам дека до крај на утрешниот ден, се‘ ќе биде јасно.“, рече Таравари во изјава денес при посета на Противпожарната единица во Гостивар
На прашање на Gostivarpress.mk „Ако скоро за се‘ се согласувате, каде се кршат копјата?“, одговори:
„Па има одредени работи за коишто чекаме, нормално треба консултации во сите партии кои се дел од владиното мнозинство, се консултираат, се враќаат работните групи… Но се надеваме дека утре се‘ ќе се знае“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава