Гостивар
Таравари е нов претседател на Советот за развој на Полошки регион
Советот за развој на Полошкиот плански регион денес одржа седница на која нов претседавач на ова тело беше избран гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари. Со Советот до сега претседаваше првиото човек на Тетово, Билал Касами. За директор на Центарот за развој на Полошки плански регион повторно е избран Фатмир Саити.
„Заедно со сите градоначалници на општините од полошкиот регион, разговаравме за многу важни прашања поврзани со развојот на регионот, а како точка на дневен ред беше изборот на новиот директор на Центарот за развој на Полошки плански регион за периодот јануари 2023 – јануари 2027 година. Со гласање на сите градоначалници на општините реизбран е актуелниот директор Фатмир Саити. Исто така, на оваа средба е избран и нов претседавач на Советот за развој на Полошки плански регион, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари. На именуваните им посакуваме успех на функцијата и се надеваме дека нивниот приоритет, како и на сите општини во полошко, ќе биде подобрување на условите за што поголем развој на овој регион, како и максимална заложба за рамноправен регионален развој за 2023 година.“, наведе Касами.
Денешната беше последна средба на Советот за оваа година.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар