Поврзи се со нас

ИЗБОРИ 2024

Таравари и Димитриевски ги собраа потребните 10.000 потписи за кандидатурите за претседател

Објавено

на

Европскиот сојуз за промени и „За наша Македонија“ (ЗНАМ) вчеравечер објавија дека нивните кандидати, Арбен Таравари и Максим Димитриевски ги собрале потребните 10 000 потписи за поднесување на кандидатура на изборите за Претседател на државата закажани за 24 април 2024.

Таравари, во Фејсбук статус им се заблагодари на граѓаните.

„Ви благодарам на секој од вас што во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател! Целата оваа кампања нека биде наменета за Вас“, напиша тој.

И Димитриевски вчеравечер на својот фејсбук-профил им се заблагодари на граѓаните за поддршката.

„Над 10 000 потписи за кандидат за Претседател. Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа! #ЗНАМ #ДвижењеЗНАМ #ЗаНашаМакедонија“, напиша Димитриевски на Фејсбук.

Претходно ДУИ објави дека нивниот кандидат Бујар Османи собрал 10 000 потписи за да се кандидира на изборите за претседател.

Во подрачните канцеларии на ДИК и пред овластени нотари потписи собираа 11 кандидати кои сакаат да се кандидираат за Претседател на државата. Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот.

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 20 минути

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 2 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 4 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 7 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Македонијапред 8 часа

Прилагодена брзина и внимателно возење по влажните коловози

Македонијапред 19 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 20 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена