Гостивар
Таравари и Министерството за образование повторно во клинч заради именување директори на училишта

Решението за именување на Џези Камбери за директор на гимназијата во Гостивар, отвори нов фронт меѓу градоначалникот Арбен Таравари и Министерството за образование, кое во февруари по втор пат му ги одзеде ингеренциите за разрешување и именување на директори во училиштата.
Потегот на Министерството за промена на директорското место во гимназијата, градоначалникот го нарече срам и безличност.
„Ниту во времето на Тито, ниту за време на Груевски, директорите не се менуваа, ниту се именуваа за време на кампања или за време избори. Денеска, Министерот за образование назначил нов директор во гимназијата во Гостивар. Каква срамота и безличност!“, реагираше Таравари утрово.
Од Министерството за образование пак, испратија одговор каде тврдат дека постапиле законски и го повикаа Таравари да не ја вклучува политиката во образованиот процес.
„Министерството за образование и наука согласно преземените ингеренции од општина Гостивар и почитувајќи и постапувајќи по одлуката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, со која се усвојува жалбата на незаконски разрешен директор на училиште во Гостивар, донесе решение за негово враќање на работната позиција од која бил незаконски разрешен. Министерството е должно да ги почитува одлуките на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и да постапува по однос на истите, што значи дека донесеното решение е постапување, согласно одлука на Второстепена комисија. Уште еднаш апелираме до градоначалникот и до општина Гостивар да не обвинуваат паушално и лажно само заради нивните политички цели и да не ја вклучуваат политиката во воспитно-образовниот процес, бидејќи во оваа ситуација штета се нанесува единствено на учениците и на воспитно-образовниот процес“, одговорија од Министерството.
Каков ќе биде исходот за директорските места во останатите училишта на гостиварското подрачје, останува да се види.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?