Поврзи се со нас

Македонија

Таравари: Информацијата за тимот на САД за санкции дочекана со голема надеж од сите граѓани

Објавено

на

„Северна Македонија, наместо да бележи напредок во борбата против корупцијата за да се приближи на стандардите на земја со европско владеење на правото, банкротира и дезертира од светската борба против корупцијата. Во текот на овие години добивме дури и нови официјални епитети, достојни за најдивите автократии во светот, како „заробена држава“ според Европската комисија или „хибриден режим“ според Фридом хаус.“, истакна на денешната прес конференција во Тетово, в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, додавајќи дека причина за тоа е неказнивоста на корупцијата на високо ниво преку партизација на правосудниот систем.

„Сега кога земјава е на прагот да ги отвори преговорите за членство во ЕУ, не смееме да продолжиме по стариот терк на козметички реформи кои остануваат само на хартија. Вчерашната информација за пристигнувањето во Скопје на тимот на САД за санкции, за да се поведе истрага на корумпираните политичари, беше дочекана со голема надеж од сите граѓани на земјава.  Ова е повеќе од потребна промена на парадигмата, која ја чекаме долги години.“, рече Таравари.

Алијанса за Албанците предлага пакет законски одредби за владеење на правото и бескомпромисната борба против корупцијата, кои ќе содржат: Закон за ветинг (проверка) на судиите и обвинителите; Закон за Канцеларија за стекнување на имот, одговорна  за конфискација на криминални средства; Законски пакет за морални совети за јавниот живот, вклучувајќи Закон за проверка на интегритетот и богатството на лицата кои се избираат, именуваат или вршат јавни функции, вклучително и во високото образование и терцијарното здравство, како и Закон за спречување на непотизам од пратеници, министри, директори на државни агенции и јавни претпријатија како и високи општински претставници; Удвојување на јавните инвестиции во судството, во јавното обвинителство и во институциите надлежни за спречување на корупција.

 

 

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена