Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари: Ќе бидам на протестот за Русино утре во 17 часот

Објавено

на

Трет ден забраната за носење ѓубре на Русино, важи и за отпадот од Гостивар. Ваквиот потег на граѓанската иницијатива што ја блокира депонијата, за градоначалникот Арбен Таравари бил неочекуван и непотребен. Првиот човек на Гостивар вели дека со активистите имале добра соработка, а општината им ги исполнила барањата. Сега одново ќе се обидат да најдат заеднички јазик.

„Оваа одлука на граѓанската иницијатива малку не зачуди, затоа што имаме добра соработка и со „Гвеко“ и со „Стоп Русино“ и сите барања до сега сме ги реализирале. Ако продолжи блокадата и за камионите од Гостивар, нема да можеме да го собираме ѓубрето и градот ќе ни смрди, ќе се затрупа со смет. Но, за тоа не сме ние виновни, во иницијативата има луѓе со проблематично однесување, кои мислат дека на таков начин може да се реши проблемот. До кога ќе тераат така, јас навистина не знам. Денес ќе ги посетам, ме повикаа и се надевам дека ќе ја надминеме оваа ситуација“, изјави Таравари.

Граѓанските активисти го забранија Русино и за Гостивар, по изјавата на министерот за екологија Нуредини дека тоа ќе биде регионална депонија во наредните 10 години. Но, и од незадоволство кон општината поради закажаниот избор на членови на управниот одбор на регионалното претпријатие за Русино.

„Ние имаме обврски кон донаторот на проектот, како и рокови од Министерството за животна средина. Им реков на граѓаните, нека направат писмено барање да се стопира процедурата, ќе го доставиме до Советот, јас ќе лобирам кај советниците од мојата партија, тие нека лобираат кај останатите и советот нека го прифати нивното барање.“, рече градоначалникот

На јавната покана на иницијативата Стоп Русино за присуство на протестот, којшто ќе се одржи утре во Гостивар, градоначалникот одговори позитивно. „Да, утре во 17 часот ќе бидам на протестот. Ќе се задржам пократко, можеби околу 15 минути, заради состанок на кој мора да одам во Тетово, но во 17 часот ќе бидам тука“, рече Таравари.

Проблемот со Русино за сега само се врти во круг. Граѓаните бараат итна постапка за изнаоѓање на нова локација за депонирање на сметот од Полог, додека институциите инсистираат на спроведување на проектот за стандардизација на Русино во регионална депонија.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 9 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 10 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 12 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 14 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Македонијапред 15 часа

Вработените во Шумско ќе го радикализираат протестот! Немаат плати, теренски додатоци…

Македонијапред 16 часа

Апел од ЦУК за внимателност заради временските неприлики

ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Гостиварпред 18 часа

Физички напад пред угостителски објект во Чајле

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена