Локални избори 2021
Таравари: Ќе го направиме Гостивар четирисезонски туристички град

Кандидатот за втор градоначалнички мандат за Општина Гостивар од Алијанса за Албанците/Алтернатива, Арбен Таравари осврнувајќи се на капиталните проекти, предвидени во програма со која настапува на изборите, нагласува дека со својот тим имаат за цел Гостивар да го претворат во модерен развиен туристички центар.
„Во нашата Програма, која е достапна за албански, македонски и турски јазик имаме повеќе инвестиции коишто се важни за Гостивар. Нашата програма е наречена Трансформација на Гостивар. Би сакале Гостивар да го направиме да биде четирисезонски туристички град во кој ќе ни доаѓаат туристи, ќе го посетуваат во текот на целата година. Еден од проектите кои одат во таа цел е Аква паркот, за кој физибилити студијата е веќе готова и само треба да се објави оглас да видиме која фирма ќе влезе во приватно-јавно партнерство со општината“, рече Таравари.
Меѓудругото тој најави и заложби за дислокација на депонијата Русино. „Инвестициите во училиштата и во инфраструктурата ќе продолжат, исто како и нашиот стремеж за транспарентност на највисоко ниво. Ќе се заложиме за дислокација на депонијата Русино, навистина нема друго решение, освен да се тргне депонијата. Би го споменал и започнување со работа на првиот современ Центар за аутизам во земјава. А доколку евентуално во идниот мандат добиеме ги и надлежностите од примарното здравство, да бидат под капа на општината, ќе има огромни чекори во унапредување на оваа област“, подвлече Таравари.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022