Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари: Континуирано ги третираме кучињата скитници, проблемот е што се носат од други градови

Објавено

на

Кучињата скитници и натаму остануваат сериозен проблем и закана по безбедноста на граѓаните во Гостивар. Глутници кучиња се собираат на различни локации, сеат страв, дел од нив се агресивни, а изминатиов период се бележат и зачестени напади кои се случуваат и дење и ноќе.

Гостиварци реагираат дека некогаш поради чопорите кучиња не можат слободно да се движат по улица и бараат да се преземат мерки. Реакции особено има од населението во делот на автобуската станица, зградите кај големиот пазар, околината на градскиот парк и др.

За проблемот одговор побаравме од градоначалникот Арбен Таравари. Тој вели дека општината преку ангажирање оператори врши третман на животните, но дека се носат кучиња од други градови и затоа ги има во толкав број низ улиците.

„Ова е проблем којшто го има и во повеќето држави околу нас, и во другите градови и во нашиот град. Ние континуирано ги третираме преку избрани компании, се стерилизираат огромен број кучиња. Само оваа година опфатени се околу 450 кучиња, минатата година исто толку. Сепак повторно има многу кучиња скитници. Како би го објасниле ова, освен дека се носат од други градови. Би рекол имаме дискоординација со полицијата, која има обврска ако се носат од други градови, да се открие тоа, да се стопира.“, кажа градоначалникот.

Од СВР Тетово пак, велат дека кај нив никој до сега не пријавил појава на транспортирање и истоварување кучиња скитници на гостиварското подрачје. „Нема таква пријава, ниту од поединец, ни од некоја организација или институција. Таков случај не забележале ни полициските служби кои секојдневно патролираат и се на терен“, подвлекоа од полицијата.

Трајно решение Таравари гледа во отворање на регионален центар за третман на бездомни животни. „Единствено решение е регионален полошки центар за кучиња, којшто ќе има капацитет за третман на минумим 1.000 кучиња, инаку нема да биде одржливо ниедно решение бидејќи кучињата се носат од една општина во друга.“, оценува тој.

Изминатиов период беа пријавени десетина напади од кучиња скитници, на улиците „Мара Угринова“ , „Илинденска“ , „Живко Брајковски“ и други локации.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 1 недела

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена