Македонија
Таравари: На Локалните избори излегуваме со наши листи, како партија остануваме во коалицијата „Вреди“

Централното претседателство на Алијанса на Албанците (АА) на Арбен Таравари одлучи на претстојните локални избори да понуди сопствени листи со кандидати за советници. Таравари образложи дека оваа одлука нема да придонесе за промени, односно дека остануваат како партија во рамки на коалицијата „Вреди“ и во состав на Владата.
Според Таравари, ваквиот заклучок е донесен затоа што во „Вреди“ не ја прифаќале нивната идеја пред да се донесат одлуки за кандидати за градоначалници и советници да се испита и мислењето на граѓаните и гласачите.
– Алијанса за Албанците во овој период се обиде да импонира алатка за изборот на кандидати за градоначалници на „Вреди“ да бидат со анкети и сондажи. Тоа беше одбиено, ние мислиме дека ако седнат 4-5 луѓе, претседатели на партии или работни групи и да избираат кој која општина ќе ја земе не е начин на наоѓање на најдобро решение за градоначалник. На крај сите губиме како „Вреди“, рече Таравари на прес-конференцијата по завршување на седницата.
Тој рече дека, од друга страна добиле ултиматум за кој требало да се произнесат до денес и затоа е донесена одлука АА во сите општини да има сопствена листа за советници во западниот дел од државата. Потсети дека овој нивни став е од јули минатата година, а веќе од почеток на мај како партија почнуваат со работа на терен и формирање свои штабови.
– Не излегуваме од коалицијата „Вреди“, излегуваме со наши листи. За кандидати за градоначалници сме отворени за разговори. Немаме одлука за тоа, побаравме од „Вреди“ заедно, алатка да биде сондажа. Не е прифатливо за нас четворица луѓе да седнат и да одлучуваат. Локални избори се малку поинакви. Се бара тој што има поддршка, без разлика од која партија е. Некаде можеби треба кандидатот да биде и непартиски. Ние сме сè уште дел од „Вреди“, ние излегуваме со наша листа за советници. Ако одлучат тие поинаку, ние нормално на тоа ќе донесеме наша одлука, рече Таравари.
На прашањето дали ќе ја напуштат владината коалиција, Таравари рече дека не планираат тоа да го направат, бидејќи таму има повеќе партии и една од тие партии е АА.
За можната соработка со Зијадин Села, Таравари рече дека сите се добредојдени.
– Оваа куќа е отворена и голема. Сите се добредојдени. Исен Шабани дојде пред десет дена, многу активисти се дојдени, многу што апстинирале три-четири години, се враќаат, рече Таравари.
За политичкиот дискурс и вербалните препукувања со коалициските партии, Таравари рече дека како АА не рекле ништо лошо досега, иако биле нападнати.
– Целата партија се обидуваме, не сме кажале ништо лошо за нив. Така размислуваме политички. Секогаш треба да се оставаат вратите за комуникација со сите, меѓутоа од другата страна не беше така. Бевме нападнати и тоа грубо. Ние ќе продолжиме да бидеме конструктивни и да оставиме секогаш простор за соработка, истакна Таравари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог