Македонија
Таравари најави дека ќе продолжат акции за откривање злоупотреби од лекари

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе продолжат акциите со цел да се откријат евентуални злоупотреби од здравствени работници. Тој беше прашан во врска со апсењето на лекар во Битола и како на социјалните мрежи се споделува дека се злоупотребува дополнителната дејност, пред сѐ во хируршките гранки, каде дури и тешко болни од рак не се оперираат во редовен термин, туку „се нуди опција доколку сакаат побргу да бидат оперирани, да дојдат за два-три дена попладне, со тоа што, приватно ќе си платат“.
Министерот ги повика граѓаните да пријавуваат такви случаи во Министерството за здравство, во полиција и кај директорите на клиниките.
– Секојдневно сме во комуникација со повеќето директори. Каде било да пријават, тука сме да ги слушниме и да провериме дали е вистина тоа што го кажуваат, одговори министерот на новинарско прашање пред почетокот на првата национална консултација за реформа на болничкиот сектор.
Министерот рече дека добивале информации и пријави во Министерството, по што тие ги информирале директорите.
– Добиваме информации и пријави во Министерството за здравство, ги информираме директорите и веќе има една акција. Имаше уште еден обид да се види дали се случуваат вакви злоупотреби за време на редовно работно време да се работат пациенти коишто треба дополнително да се работат. Ние го даваме нашиот максимум – вработувања, колективен договор, покачување на плати и бараме и од медицинскиот пероснал, медицинските екипи да бидат коректни и да ја вршат својата должност, така како што треба. За Битола имам точни информации, директорката пред неколку дена беше известена од моја страна за одредени жалби за еден доктор. Сега не би сакал да спомнуваме имиња тука. Меѓутоа, вакви акции секако дека ќе продолжат, нагласи Таравари.
Постои пресумпција на невиност, одговори тој на прашање дали ваквите лекари треба да бидат јавно објавени со име и презиме.
Министерот потврди дека имало акција и на хируршките клиники во Скопје. Тогаш, како што рече, не било констатирано нешто.
– Не беше констатирано нешто, значи беше редовна операција. Некогаш има пријави и случувања што не држат. Така да, треба затоа да бидеме внимателни – каде што ќе констатираме дека ќе има злоупотреби, таму треба да се преземаат чекори, додаде Таравари.
Тој беше прашан и дали треба да му се одземе лиценцата на тој доктор кој извршил злоупотреба, на што, министерот рече дека секако, но, прашањето треба да му се постави на претседателот на Лекарската комора.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос