Македонија
Таравари најави разрешување на уште директори на јавни здравствени установи

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска најави разрешување на уште некој директор на јавна здравствена установа.
– Ќе смениме најверојатно уште некој директор. Засега се сменети двајца директори, во „Козле“ и во Општа болница во Гостивар, одговори министерот на новинарско прашање, по официјалното пуштање во употреба на компресорската станица за хируршките клиники.
Министерството за здравство на 4 февруари информираше дека е сменета директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата – „Козле“.
– Министерството за здравство информира дека за нова директорка на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата – „Козле“ е именувана проф. д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа установа. Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија. Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови. Министерството се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка, д-р Каролина Симоновска, беше наведено во соопштението.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите