Вести
Таравари најавува отворена линија, ден за средби со граѓаните и ревизија на досегашното работење на општината

Новоизбраниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари денес на градскиот плоштад одржа прес конференција на која во кратки црти се осврна на повеќе планови.
Таравари најави ревизија на финансиското работење на општината Гостивар и неговиот претходник, бидејќи како што нагласи, постојат индиции за сериозни злоупотреби.
– Ќе побараме документи и да ја видиме точната состојба. А најбрзо што се може ќе направиме санацијата на покривот на ОУ Гоце Делчев. Наскоро ќе профункционира и отворена телефонска линија и контакт преку социјалните мрежи „здраво Тараври“ преку која граѓаните ќе ги кажуваат нивните проблеми. Вторник ќе биде ден за директни средби на граѓаните со кабинетот на градоначалникот и надлежните служби, подвлече Таравари
Тој потврди дека ќе ја добие поддршката во советот на општината и како што рече тоа ќе било лесно, бидејќи веќе се направени контакти со останатите партии кои имаат членови во новиот состав на советот на општината.
Во неговата политичка партија Алијанса за албанците немаат решено дали ќе ја напуштаат или остануваат во Владата на РМ, тоа допрва ќе биде решено откако ќе се анализраат последните изборни резултати, Тој како генерален секретар на партијата, во оценката за текот на изборите го критикуваше ангжаманот на владините функционери во кампањата во корист на ДУИ.
– Засега не излегуваме од Владата. Следуваат анализи во претседателство на партијата и да видиме каде да видиме дали имало злоупотреби за време на избборниот процес, бидејќи постојат сомнежи. Ќе поразговараме и со премиерот. Сметам дека е скандалозно, премиерот, министерот за внатрешни да бидат ангажирани и да работат во корист на ДУИ. Тоа е недозволиво и со препораките на Прибе. Меѓутоа вчерашниот ден беше исполнет со низа нерегуларности, поткупи, притисоци и запалашување. Жалам што и министерот Спасовски лично вршел притисок. Жалам и што една влада стои зад партија која има лошо минато, рече Таравари.
Таравари смета дека ресорот здравство и натаму ќе биде распеделно на Алијансата за албанците, но конечната одлука ќе биде донесена откако за тоа ќе се реши во партијата.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!