Гостивар
Таравари: Неизлезена од прв, земјава веќе влегува во втор корона бран – да се смени Комисијата за заразни болести!
Деновиве во гостиварскиот регион се бележат новозаразени со коронавирус, за разлика од претходните две недели, кога немаше нови случаи. Не станува збор за масовно ширење и состојбата се уште е стабилна, оценуваат надлежните. Сепак, апелираат мерките и препораките максимално да се почитуваат, со оглед дека веќе нема забрани за движење и рестрикциите се олабавени.
Вчера и денес, во Општина Врапчиште се регистрирани 3 новозаболени лица, а во Гостивар еден позитивен тест има од скринингот во градинките.
„Во Гостивар е релативно стабилна состојбата, јас продолжувам да бидам задоволен. Во Општина Врапчиште е зголемен бројот, но сепак добро е што таму се од познати кластери. Тоа што состојбата е стабилна, не значи дека така ќе остане. Тоа зависи од сите нас, од институциите, од граѓаните, ако се придржуваме до правилата може да се појавуваат поединечни случаи, но не и да се прошири“, изјави градоначалникот.
Таравари смета дека владините одлуки за справување со корона заразата не се соодветни, дека мерките се целосно олабавени за да се протуркаат избори и дека земјава веќе влегува во втор бран на пандемија.
„Владата и функционерите прво треба да почнат кампања, луѓето да научат како да живеат со овој вирус. И да има вакцина, пак ќе има одредени правила кон кои ќе треба да се придржуваме. Без подигнување на свеста ништо не сме направиле. Ако ме прашате, би препорачал Комисијата за заразни болести комплетно да се смени. Ние имаме кадри кои се професионални и нема да бидат под притисок на политиката. А, потоа да се почне од почеток, за да не ни се случи трет бран, четврти бран. Веднаш после карантинот за Бајрамските празници целосно се олабавија мерките и ова е тоа што сега го доживуваме, втор бран на епидемија. А, сето тоа се прави дефинитивно поради одржување на избори. Ние сме први во светот коишто прд завршување на прв бран, веќе влегуваме во втор.“, рече првиот човек на Гостивар.
Од почетокот на коронакризата во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше направени се над 300 тестирања. Позитивни вкупно биле 27 резултати. Регистрирани се три смртни случаи, 17 оздравени, а активно болни се 7 лица.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград