Избори 2024
Таравари од митинг во Гостивар: Ќе победиме, заедно да ја направиме разликата од 7.000 гласови

„Победите во Гостивар се редат една по друга и нема дилема дека на овие избори ќе се направи најголема можна разлика. Сега е наш ред како обединета албанска опозиција. Ве молам за вонредна мобилизација. Ми велат, ветивте разлика од 7.000 илјади гласови, па ајде заедно да работиме деновиве и да ја донесеме големата победа“, истакна од вечерашниот митинг во Гостивар, Арбен Таравари, кандидат за претседател на Македонија од коалицијата Влен.
Таравари рече дека 24-ти април ќе се случи првата победа, која потоа ќе биде запечатена на 8-ми мај.
„Очекувам победа на изборите, но да го оствариме тоа потребна е вонредна мобилизација.„Во среда се гласа, знам дека секогаш ме поддржувавте, и не се сомневам дека повторно ќе го дадете максимумот, за во Гостивар да ја направиме најголемата разлика“, кажа тој.
На предизборниот митинг се обратија и носителот на листата за пратеници во ИЕ-6 од Влен, Биљал Касами, претседателот на Демократско движење, Изет Меџити, како и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.
Пред присутните зборуваа и кандидатите за пратеници на коалицијата Влен, Имерлие Салиу, Халил Снопче, Беким Чоку и Саранда Имери Стафаи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос