Гостивар
Таравари официјално потврди дека повторно се кандидира за градоначалник

Актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари вечерва преку фејсбук статус даде потврда дека се кандидира за втор мандат на престојните локални избори, кои веќе се закажани за 17 октомври.
„Успеавме во овие 4 години, името на нашиот град да биде заведен меѓу најуспешните и првите во државата. Формулата за успех нема магија. Таа беше едноставна: Работа и Посветеност. Сега кога овој мандат завршува, можам да кажам без сомнение дека и покрај заморот, тешкотиите и проблемите, беше Привилегија и Гордост да се биде еден од оние што работеа за луѓето од овој град. Гостиварци беа и се мојот вечен мотив кој никогаш нема да заврши! Главната причина што ме доведе до објавување на кандидатурата се тие, чесните и мирните гостиварци, вредни и трпеливи, тивки, храбри и мудри. Тоа е градот што ми го вметна во моето срце мојот покоен татко кој почина пред неколку месеци. Тоа се рацете со жуљеви на работникот од Гостивар кој иако со 1000 проблеми, се жртвувал себеси за да ги образува своите деца. Тоа се очите на гостиварските мајки кои знаеја да се смеат и во сиромаштија и да им отворат врата на гостите! Имам апсолутна доверба дека заедно со вас, Албанци и Македонци, Турци, Египќани, Роми или Торбеши, од АА или ВМРО, од Беса, Алтернатива, ДУИ или СДСМ, или Левица, муслимани или христијани, но СИТЕ ГОСТИВАРЦИ можеме да го изградиме нашиот град и да го направиме таков каков што секој од вас заслужува!“, напиша меѓу другото Таравари.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја