Македонија
Таравари: Останав конзистентен, влегов во политика за да донесеме промени во албанскиот блок и тоа се случи

Останав конзистентен во политиката, влегов за да донесеме промени во албанскиот блок и тоа се случи, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој е лидер на едно од крилата на Алијансата на Албанците, коментирајќи ја изјавата на Зијадин Села, кој го предводи другиот дел од членството.
Села вчера изјави дека Таравари по директива на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски придонел за поделба на Алијансата за Албанците.
- Мислам дека многу конспирационо мисли. Не ми се допаѓаат тие параноидни идеи. Ние се знаеме девет години со него и мисла дека не му прилега тоа. Јас знам дека останав конзистентен во политиката, влегов за да донесеме промени во албанскиот блок и тоа се случи, додека г. Села, за жал, седна во скутот на г. Ахмети (Али Ахмети, лидер на ДУИ), рече Таравари.
Во однос на забелешките за албанското знаме во неговиот кабинет, Таравари рече дека во неговиот кабинет официјално има две знамиња како и во сите кабинети.
- Мали знамиња има на околу 20 држави, меѓу другите и албанското знаме секако, рече Таравари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос