Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари: Ова е мојот проштален мандат, Бог да го благослови Гостивар!

Објавено

на

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во обраќањето на прославата по повод Денот на општината откри дека нема да се кандидира по трет пат за прв човек на локалната самоуправа, образложувајќи дека два мандати се доволни за јавните функционери да ја покажат и докажат својата работа.

Во продолжение го пренесуваме во целост обраќањето на градоначалникот:

„Најпрво би сакал да му посакам добредојде на претседателот на Република Северна Македонија, г. Стево Пендаровски! На поранешните градоначалници на Гостивар г-дин Енвер Зенку и г-дин Џемаил Реџепи, на пратеникот Халил Снопче, и на на вас присутните дами и господа. Денес е денот на Општината, сакам искрено да им се заблагодарам на сите мои претходници! Сакам искрено да им се заблагодарам на сите мои претходници! Градоначалници кои во исклучително тешки времиња беа принудени да плаќаат многу тешки сметки за да ја заштитат слободата и демократијата на градот, оние кои работеа со епско саможртвување носејќи историски промени надвор од градот. Затоа, му благодарам на секој од нив, дури и на оние што покажаа како не треба да се работи, сите тие се Градоначалници и историјата ќе ги запише на нејзините страници! Знаете дека неодамна Гостиварци ја дадоа довербата на нашиот тим и мене за втор мандат! Како што сум проамериканец, како објективен поддржувач на американскиот устав, мислам и верувам дека 2 мандати се законски и дефинитивно фактички доволни за секој носител на функција. Така, овој втор мандат го сметам за мој последен мандат или мој Проштален мандат. Од првиот ден кога влегов во канцеларијата, заедно со тимот ја видовме Општината како сопственост на гостиварци и само на нив. Не дозволивме партиските страсти кои државата ја претворија во столб на висока тензија, да станат дел од нашето владеење. Ова е земја во развој, невозможно е да се задоволат сите, но можно е да се бориме за секого! И денес, на најважниот ден на оваа институција, сакам да апелирам до секој од нас дека ако ги гледаме идеолошките, верските или етничките разлики како вредности, тогаш градот и државата можат да станат хармоничен мозаик. Таков е Гостивар, но оваа земја знае за големи предизвици  и знае да верува во идеал, а тоа е самиот Град! Секако овде живеат Албанци, Македонци, Турци, Бугари, Роми и други, несомнено има и муслимани и христијани или некоја друга вера, но сите се обединуваме во едно име, ние сме Гостиварци! Со овој мотив нашата општина ќе направи се за да изградиме повеќе во овие 4 години, да создадеме повеќе можности, да понудиме повеќе причини за младите да останат и да го градат својот живот паралелно со градот, да го развиваме Гостивар онолку колку што го сакаме! На крајот, дозволете ми во мое име да му се заблагодарам на мојот тим. Задоволство ми е што сум дел од вас! И несомнено, гостиварци кои меѓу неволји, честопати сиромаштија, печалба, солзи и болка, веруваа и го сакаат својот град повеќе од cé. Тие ги заслужуваат најголемите честитки за нивната Општина затоа што оваа институција е создадена од нив и за нив! Нека ни е со среќа Општината и секогаш да биде во служба на Гостивар. Бог да го благослови градот што владее во Полог од древните времиња и кој што од нашите предци ни е запишан во срцето!“

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена