Гостивар
Таравари по најновата смена на директори: Му понудив на Заев и градоначалничкото место да им го даде на ДУИ

Во речиси сите училишта во Гостивар, на раководните позиции вратени се старите директори. Решенијата се донесени од Министерството за образование, кое во февруари годинава, по втор пат му ги одзеде ингеренциите за разрешување и именување на директори во училиштата на градоначалникот Арбен Таравари.
Во врска со најновите смени, градоначалникот изјави:
„Во училиштата во Гостивар по шести пат се менуваат директорите. Во 18 месеци, просечно на секои три месеци има смена на директори. Ова се случува од министер на ДУИ, со знаење на премиерот. Сфаќам дека премиерот не е многу загрижен за образованието на учениците Албанци, кога се знае дека околу 1.000 ученици Албанци во Македонија, принудно учат на македонски, бидејќи немаат услови за учење на албански јазик. Учат од книги коишто се под сите стандарди. Министерството за образование го раководи министер, кој повеќето договори ги прави во четири очи. Ние нема што да правиме. Јас му понудив на господинот Заев да ги земе ингеренциите во образованието и за четири години, комплетно да му ги даде на ДУИ. Дури му реков, ако треба и градоначалничкото место, нека дојде и ќе му го дадеме на ДУИ. Како и да е, жалам за учениците. За две недели завршува учебната година, можеа да почекаат, ова е стрес и за децата. Ги сменија за време на кампањата, па пак ги вратија, па сега повторно менуваат.“
Таравари смета дека за сега се немоќни да реагираат на ваквите ситуации, но се надева да се остварат најавените промени во Владата. „Се надевам дека ќе има и промени во Владата. Пораката беше јасно испратена и на 21 април и на 5 мај за владиното мнозинство. После рекоа метла, и метлата почна од Гостивар. Ако не направат промени, најдоцна за една година ќе имаме Пржинска Влада. Искрено господинот Заев, ги изгуби изборите, имаше пирова победа, победи Пендаровски, но изгуби СДСМ“, рече градоначалникот и генерален секретар на Алијанса за Албанците.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите