Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари побара совети од просветниот инспектор кој ги стави на тепет Адеми и Нухиу

Објавено

на

На првиот ден од второто полугодие, гостин кај градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари беше Ѓорѓи Илиевски, просветниот инспектор којшто лани посочуваше дека  функционери незаконски напредувале во научно-наставни звања на Државниот универзитет во Тетово. Како што рече градоначалникот, го поканил Илиевски на средба за со него да се консултира и да побара совети околу проблемите што ги имаат општината и Министерството за образование.

„Инспекторот има огромно искуство во образованието и го познаваме како човек кој повеќе од една година води војна со институциите во име на правдата. Го поканив за да ги слушнеме неговите совети и препораки како да постапуваме, ние како општина. Знаете дека два пати централната власт ни ги одземаше ингеренициите во образованието. Сега низ училиштата во Гостивар се пуштени да се шетаат инспектори и се прави обид по трет пат да ни ги одземат, со што ќе влеземе во гинисовата книга на рекорди. Знам дека функционерите од СДСМ ќе излезат и ќе кажат, дека тоа го прави ДУИ, но не е така. За се` што прави ДУИ, СДСМ го штити и така целата држава станува заложник на нивните криминали.“, изјави Таравари.

Инспекторот Илиевски не откри конкретно што го советувал градоначалникот, но ги повика колегите од Просветниот инспекторат кои вршат надзори низ училиштата да постапуваат професионално и според законите.

„Врз мене се вршат мобинг и притисоци, откако открив дека тројца функционери, министерот за образование, Арбер Адеми, заменикот во МВР Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, биле незаконски унапредени во своите научно-наставни звања. И градоначалникот Таравари е паталец, во некоја рака како и јас, но сепак ќе издржиме и ќе се бориме со сето она што се случува. Тој се наоѓа во многу тешка состојба, затоа што нема поддршка од централната власт. Кога се даваат парични средства за училишта, во други општини и се злоупотребувале. А Гостивар е оставен да се снаоѓа, градоначалникот води битка за да се подобрат условите, а не добива никаква помош. Ги повикувам моите колеги од Државниот просветен инспекторат професионално да си ја вршат својата работа. Знам дека има и професионални колеги, но и ним им се врши притисок како да постапат. Замислете, во Гостивар доаѓаат инспектори од Струга за да вршат инспекциски надзор. Тие нека си ја завршат прво работата во Струга, но таму не смеат да казнуваат“, изјави Илиевски.

Инспекторот за една недела ќе се пензионира, но при денешната средба и гостинот и домаќинот рекоа дека тоа нема да биде пречка да ја продолжат соработката.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 9 часа

Мозочната магла и анксиозноста – зошто се случува и како да се справиме со неа?

Гостиварпред 11 часа

Гостивар во спомен на 16-те загинати во несреќата од 13 февруари 2019

Гостиварпред 12 часа

Гостиварец лишен од слобода заради малтретирање и запуштање на своите малолетни деца

Гостиварпред 13 часа

Семејствата на жртвите во несреќата кај Ласкарци огорчени: Правдата не е задоволена, системот потфрли!

Спортпред 13 часа

Кошаркарите на Гостивар први полуфиналисти на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“

Гостиварпред 14 часа

Жена касната од куче скитник во Гостивар

Спортпред 17 часа

Во Гевгелија започнува кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“

Светпред 18 часа

Кремљ потврди: Путин и Трамп разговараа, американскиот претседател поканет во Москва

Гостиварпред 19 часа

Шест години од автобуската несреќа кај Ласкарци-Непребол за 16 изгубени човечки животи

Гостиварпред 4 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 3 недели

Девојки од Непал вработени во локал во Маврово се оддалечиле од објектот

Видео емисиипред 3 недели

ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители

Гостиварпред 2 недели

Од маркет во Гостивар украдени пари и цигари, едно лице лишено од слобода

Македонијапред 4 недели

Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена