Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари: Пожарите на Русино се подметнати, општината нема ингеренции, после избори ќе бидам прв што ќе протестира

Објавено

на

По синоќешното ескалирање на состојбата на Русино, од каде се проширија чад и смрдеа низ целиот град и околината, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари излезе со објаснување дека општината нема ингеренции врз депонијата, и ја повика Владата или да преземе мерки или да ги врати ингеренциите.

„Се работи за здравјето  на граѓаните и затоа овој проблем е многу важен за мене како градоначалник. Општината нема никакви ингеренции врз депонијата. Јас денес пред вас покажувам и документ на кој се гледа дека надлежен орган за депонијата е Министерството за животна средина. Ги повикувам Министерството и Владата или да преземаат мерки, или да ги вратат ингеренциите на општината. Нашите ингеренции се одземени пред 2,5 години. Не сакам предизборно да користам да наштетувам на некого, но јавно кажувам дека со сите невладини организации веднаш после изборите јас ќе бидам прв кој ќе протестира, ако треба и пред Владата и пред депонијата.“, изјави градоначалникот.

За палењето на отпадот рече дека е намерно со политичка заднина.

„Дека е намерно подметнување нема дилеми, лани токму пред Бајрам, сега пред избори. Додека оператор на депонијата беше човек на опозициска партија на локално ниво, немаше пожари, откако поради злоупотреби го сменив, дојде друг оператор, од тогаш имаме нон стоп пожари. Ние веќе покренавме предмет во Јавното обвинителство против непознат сторител, евентуално да се открие кој ги подметнува пожарите. Нема да дозволам да се злоупотребува, пожари да се подметнуваат на депонијата и да се загадува воздухот и да се прават штети на сите граѓаните.“, рече Таравари.

Вчера на гаснење на Русино интервенирала и противпожарната единица и екипи на Комуналец. „Редовно интервенираат, но се работи за огромни површини. Веќе знаете дека обезбедивме осигурување на депонијата, но не може да го покрие целиот простор, затоа што е огромен. Веќе поставуваме камери и на повеќе локации, ќе има над 100 камери за поголема контрола. Не може да биде коинциденција, секогаш кога се случува нешто битно, тогаш да има и пожар. Ги молам членовите на сите партии да не го злоупотребуваат здравјето на граѓаните, од тоа не добиваат ништо, само губат“, истакна градоначалникот.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Клуб Спорт 77
Гостиварпред 54 минути

Предупредување за силен ветер и до 60 километри на час

Македонијапред 1 час

Две лица приведени за убиството на лекарот во Железара

Здравје и убавинапред 11 часа

7 митови и заблуди за кафето кои секој треба да ги знае

Гостиварпред 13 часа

Работилницата за репарација „Прогрес“ Гостивар претставена во Хрватска како позитивен пример

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

СДСМ и коалициските партнери формираа „Коалиција за европска иднина“

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

ДИК усвои Упатство на двојните избори на 8 мај на гласачките места да се оди еднаш

Македонијапред 16 часа

Тошковски: Владата незаконски поништи мои акти и не дозволи да назначам началник на СВР Тетово

Гостиварпред 17 часа

Гостиварски театар: Скоро 40% помалку средства за претстави, ни се блокира работата

ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

ДПТ во коалиција со ДУИ, договорот за „Европски фронт“ потпишан во Гостивар

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена