Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари предлага инспекциска патрола да контролира колку граѓаните и угостителите почитуваат мерки

Објавено

на

Откако неделава се регистрираат нови случаи на заболени од КОВИД 19 во гостиварскиот регион, Меѓуопштинскиот Кризен штаб денеска одржа вонреден состанок. Во изминатото деноноќие потврден е еден новозаболен и тоа од село во Општина Врапчиште. Вкупната бројка на активно болни моментално е 12, од кои 7 на подрачјето на Општина Гостивар и 5 на врапчишка територија.

Кризниот штаб заклучи дека состојбата е релативно стабилна, но бара сериозност и одговорност од сите. Штабот предлага да се формираат заеднички патролни екипи со пазарната инспекција и полицијата кои ќе вршат контроли, колку се почитуваат мерките за заштита од коронавирус.

„Ќе испратиме барање до Пазарната инспекција и МВР да се формираат заеднички патролни екипи од општински инспектори, пазарни инспектори и полицијата, кои ќе вршат контроли дали граѓаните и угостителите ги почитуваат мерките и протоколите. Секако тие што не почитуваат, да не се казнуваат веднаш, најпрво да се оди со укажување, но ако повторно се случи да непочитуваат да следуваат и казни.“, рече Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.

Во меѓувреме во јавното комунално претпријатие во Гостивар преземени се превентивни мерки, со оглед дека едно од заболените лица потврдени неделава, е вработено во Комуналец.

„Пациентката не доаѓала на работа од петокот, но ние како општина заедно со комуналното претпријатие решивме превентивно целата административна служба од таму да оди во самоизолациј. Тие кои биле во контакт со потврдениот случај се тестираат и очекуваме до вечерва да ги имаме резултатите. За сега, никој друг од вработените нема симптоми, се надеваме дека и резултатите ќе бидат негативни“, изјави градоначалникот. 

Во трите општини на поширокиот гостиварски регион до сега се направени околу 420 тетсирања за коронавирус.

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена