Поврзи се со нас

Локални избори 2022

Таравари прогласи победа во прв круг!

Објавено

на

Арбен Таравари прогласи победа на Локалните избори од првиот круг. На прес конференција во партискиот штаб на Алијанса за Албанците во Гостивар вечерва, Таравари изјави дека освоил 55% од гласовите.

„Победуваме во прв круг со 55% од гласовите, односно 16 илјади гласови, се надевам дека ДУИ нема да направи повторно некој изборен криминал со Општинската изборна комисија. Им честитам на сите  гостиварчани што го направија овој избор. Ние имаме уште еден мандат, иако целиот државен апарат и изминатите денови и денес беа во Гостивар, народот е секогаш посилен, отколку бандите и барабите кои сакаат присилно да направат резултат којшто народот не го посакува“, изјави Таравари.

Официјално од Државната изборна комисија до сега се обработени 2,62% од гласачките места и Таравари е во водство пред Бејта.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена