Македонија
Таравари рече Заев нудел пари на пратеничка, Заев бара извинување или ќе тужи
Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вечерва во гостување на Тв Сител, посочи дека власта нудела пари на пратеници од АА за да преминат кај нив.
„Господинот Заев со пари се приближува на повеќе пратеници. Ова е јавна тајна, сите знаат. Им предлага да им даде сума на пари за да преминат кај нив, но нашите пратеници се одлучни, не мрда никој од нив, тие знаат дека нашата цел е подобро утре за сите, а не да се биде дел од криминалци и корумпирана влада. На наша пратеничка нудел пари директно тој, меѓутоа пратеничката веднаш ги одбила, не сакала ниту да зборува за тоа. Но, имало такви обиди.“, рече Таравари.
Набрзо по ваквата изјава, стигна демант од Владата. „Премиерот Заев најостро ги демантира изнесените лаги и дезинформации дека наводно тој или било кој друг по негова насока нудел пари на пратеници. За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини.“, стои во владиното соопштение.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар