Гостивар
Таравари се сретна со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва
В.Д. претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари денеска во седиштето на партијата во Тетово го прими г. Јарослав Лудва – амбасадор на Чешката Република во Скопје.
Од партијата информираа дека Таравари му честитал на амбасадорот за успешното чешко претседавање со Европската Унија и задржувањето на фокусот на ЕУ на Западен Балкан, и му се заблагодарил за посветеноста на чешката влада да го укине бугарското вето кон Северна Македонија.
„Разговаравме за главните проблеми со кои се соочуваме како држава, особено за банкротот на владеењето на правото и корупцијата. Изразив убедување дека скрининг-процесот, институциите на ЕУ треба да го искористат за притисок за храбри реформи во оваа област“, стои во изјавата на Таравари.
На средбата се разговараше и за неопходноста од изнаоѓање решение за изгласување на уставните измени во Собранието на РСМ, со што конечно ќе се отворат преговорите за членство во ЕУ, се наведува во партиското соопштение.
-
Гостиварпред 2 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград