Македонија
Таравари се сретна со Даниел Браун, претставник на Фондацијата Конрад Аденауер
В.д. претседателот на Алијансата за Албанците, воедно и градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари, денеска се сретна со официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер за РСМ, Даниел Браун.
Како што информираат од АА, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, внатрепартиските процеси како и за предизвиците со кои се соочуваат општините во РСМ за време на енергетската и економската криза.
„Денес се сретнав со г. Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, со кого разговаравме за политичките случувања во земјава, со посебен акцент на борбата против корупцијата и отворањето на преговори за членство во ЕУ. Му се заблагодарив на г. Браун за континуираната поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер, чија улога е незаменлива и многу вредна во профилирањето на Алијансата за Албанците и доближувањето до партиите на десниот центар од регионот и семејството на Европските народни партии“, истакна Таравари по средбата.
Инаку, ова е втора средба Таравари-Браун, по онаа на 15 јули годинава во Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар