Гостивар
Таравари се‘ уште не донел конечна одлука дали ќе биде министер, eве зошто…

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денес во изјава за медиумите рече дека се‘ уште нема донесено конечна одлука дали ќе седне на министерското место во здравство во новата Влада, како што се зборува изминатиот период во јавноста. Вели, тоа ќе биде познато на почетокот од следната седмица.
„Немам се‘ уште дефинитивна одлука, се надевам дека во понеделник ќе имаме дефинитивна одлука дали ќе продолжам како министер за здравство или ќе останам градоначалник на Гостивар“, рече Таравари појаснувајќи зошто до сега не донел конечна одлука.
„Дилемата е дали вреди да се оди во период од една година два пати на избори, значи 35.000 луѓе во Гостивар да излезат на гласање во ноември оваа година и во октомври идната година, мислам дека е нечесно. Ако остане актуелниот закон за локална самоуправа ќе продолжам како градоначалник, ако се смени законот во насока в.д градоначалникот да може да продолжи до крај на мандатот, во тој случај ќе продолжам како министер. Единствена работа е што не би сакал граѓаните да ги малтретираме за неполна година да излегуваат повторно на избори.“ , изјави тој.
Доколку се отворат опциите општина Гостивар да остане со в.д. градоначалник, Таравари смета дека за таа позиција добро решение би бил претседателот на Советот, Валбон Лимани.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?