Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари: Сите патишта се проодни, реагираме на секое барање од месните заедници

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден гостиварскиот регион беше зафатен со поинтензивни врнежи од снег, кои со намален интензитет продолжија и денес. Иако веќе календарски е пролет, сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

На територијата на Општина Гостивар сите патни правци се пороодни, а екипи интервенираат на терен од вчера попладне, рече градоначалникот Арбен Таравари.

„Од вчера го ангажиравме операторот со кој имаме договор, веќе од 15 часот после пладне почнаа да работат на чистење на снегот, посебно во планинските села. Во градот беа ангажирани екипи на јавните претпријатија за паркови и зеленило како и „Комуналец“ по улиците, посебно со фрлање сол. Во редовна комуникација сме со месните заедници, нема некои поголеми забелешки. Нормално, секогаш кога врне снег има одредени незадоволства, генерално мислам дека до денеска е менаџирано релативно добро. Нормално локалната опозиција и еден камен да има на пат, ќе го направат тоа како да е огромна пречка. Но, сите патишта на територијата на Општина Гостивар се проодни и за секое јавување од месните заедници, сме интервенирале и веднаш сме праќале екипи да расчистат“, изјави градоначалникот.

Метеоролозите најавија повремени послаби врнежи за утре, со ниски утрински температури и засилен ветер.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена