Вести Гостивар
Таравари: Сите се веќе уморни од игрите на власта, нека ги остават учениците на раат

Политичките игри на власта продолжуваат, во Гостивар со незаконски постапки се поставуваат директори на училиштата, а државните институции и другите релевантни органи не реагираат, туку им служат на партиите на власт, беше истакнато на денешната прес конференција во Општина Гостивар, за состојбите во училиштата на гостиварска територија, по одземањето на надлежностите во образованието.
„Од мојата спротивна страна е министер, кој не се знае како ја добил титулата доцент и премиер, кој знае само да прави пазар. Веќе им реков, земете ги ингеренциите за 4 години, продадете им ги на ДУИ и оставете ги учениците на раат. Сите се веќе уморни од овие игри и овие случувања. За оваа ситуација се известени шест Амбасади и нашето е до тука, понатаму треба да реагираат институциите на системот. Но, од бомбите на Ел Чека слушаме кои се обвинители, кои се судии и на каков начин биле именувани, значи прво требало некој гаранција да даде кај господинот Ахмети, дека ќе и служи на партијата за да биде именуван. Сите процедури завршуваат во фиоките на обвинителство и судот.“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.
Образложувајќи ги постапките и преземените чекори околу именувањата и разрешувањата на директорите во училиштата, Шкљким Весели од општинската правна служба рече дека целта на Државниот просветен инспекторат била одземање на ингеренциите, без да се запазат прописите.
„Со првото одземање на надлежностите, министерот назначи директори во сите oпштински основни и средни училишта во Гостивар. По истекот на решението за одземање на ингеренциите, градоначалникот во сите основни училишта ги прогласи за ништовни решенијата за избор на директори, бидејќи јавниот оглас за нивен избор не бил во согласност со законот, а бидејќи Законот за средно образование не предвидува точно во колку дневни весници мора да се објави огласот, извршено е разершување на директорите. По овие дејствија, Државниот просветен инспекторат изврши вонреден надзор во сите училишта. За истиот случај, имаме две различни уптаства од нивна страна. Во ООУ „Исмаил Ќемали“, беше констатирано дека нема никаков прекршок од страна на градоначалникот, а за истата работа во друго основно училиште, е дадено упатство за други дејствија. Целата оваа постапка е забрзана од страна на Државниот просветен инспекторат за да се стигне до политичката цел, да му се одземат овластувањата на градоначалникот. Министерот за образование му ги одзема надлежностите на градоначалникот без да има одлука од второстепената комисија како надлежен орган, со цел тој да одлучува врз основа на одлуката на комисијата.“, изјави меѓу другото Весели.
Министерството за образование во два наврати му ги одзеде на Таравари надлежностите во делот на именување и разрешување на директори во училиштата. Сега, ингеренциите се во раце на Министерството, а градоначалникот би требало да ги добие назад по истекот на девет месеци од одземањето, односно во ноември. Како ќе се одвиваат работите до тогаш и што ќе се случува со почетокот на новата учебна година, останува да се види.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја