Поврзи се со нас

Вести

Таравари со апел до граѓаните и полицијата да бидат поширокогради и гостопримливи кон иселениците

Објавено

на

Во пресрет на помасовното доаѓање на печалбарите, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари испрати апел до граѓаните и до полицијата во кој побара да се покажат поширокогради и погостољубиви кон иселениците. Ако недисциплинираното однесување во сообраќајот немало посериозни последици, тогаш според Таравари граѓаните требало да бидат потолерантни, а полицијата да делува превентивно, за да нема потреба од казни.

„Иселениците престојуваат само неколкудена во родниот крај, и во тие денови,  трошат и инвестираат толку многу пари што ја држат во живот  економијата на државава. Ако мал дел од нив, во главно помладите, не се доволно дисциплинирани во сообраќајот, и заедно со други млади од нашиот град  се однесуваат на начин кој потешко можат да го прифатат постарите генерации, сепак треба да бидеме малку поширокогради  и потолерантни, сé додека нивното однесување не остава последици, или не претставува некоја посериозна повреда на законот и нормативите. Упатувам апел до Полициската станица – Гостивар, односно до командирот на Полициската станица,  да ги мобилизира што поефикасно полициските службеници да бидат на ниво на задачата, повеќе  да влијаат превентивно и што повеќе да асистираат за успешно справување со гужвата во сообраќајот, без да се има потреба за казнени мерки.“, наведува градоначалникот.

Во зимската сезона на престој на иселениците во родниот крај, Таравари преку отворено писмо до командирот на ПС Гостивар упати слични барања за поголема толеранција и коректност кон печалбарите.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 12 минути

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 49 минути

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 2 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 3 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 4 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 6 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена