Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари со отчет за 3 години раководење со општината: Поставивме нови стандарди за работа и транспарентност

Објавено

на

Тригодишното раководење со Општина Гостивар, градоначалникот Арбен Таравари и неговите соработници денес го одбележаа со пресек на реализираните проекти преку видео презентација и прес конференција.

„И покрај разните пречки од централната власт, и покрај тоа што 2020-та е година на пандемија, како општинско раководство не престанавме посветено да работиме во инвестиции и проекти.  70% од ветувањата кои ги дадовме во предизборната кампања ги реализиравме. Тука би ги споменал двата стационари за кучиња скитници, знаете пред да дојдеме на чело на општионата немаше ниту еден, отворивме два и веќе 700 кучиња се третирани. Потоа четири нови градинки, а петтата е веќе во процедура, па 30 километри новоасфалтирани патишта во градот и во руралните средини, 20 километри водоводни линии, над 50 километри канализација, околу 500 илјади евра инвестиции во училиштата, иако ингеренциите ни беа одземани. Иато така, подигнати нови зелени површини, ново јавно осветлување, 15-тина детски катчиња…“, рече градоначалникот.

Таравари ги искоментира и критиките на гостиварскиот огранок на ДУИ, од каде нагласија дека неговите предизборни ветувања останале празни бзорови, велејќи дека ДУИ се класичен пример на уништување на институциите, поради што последици трпат сите.

„Прашаа зошто немало нови фабрики во Гостивар, па ДУИ откако е на власт уништува се што може да се уништи и не создава услови, само негативни последици. Еве „Пошта“ е класичен пример како ДУИ уништува едно претпријатие, го донесе до пропаст. Во Општина Гостивар утре да дојдат од „Мерцедес“ да инвестираат немаме да им понудиме локација, нема индустриска зона. Точно е, јас ќе бидам искрен до крај, има ветувања кои не сме успеале да ги реализираме, сепак има и причини за тоа, а има и уште време до крајот на мандатот“, нагласи првиот човек на Гостивар со став дека како општинска власт поставиле стандарди на работа и транспарентност кои треба да служат за пример.

 

 

 

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 10 минути

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 46 минути

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 2 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 3 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 4 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 6 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена