Гостивар
Таравари со писмо на благодарност: За мене Гостивар ќе биде засекогаш Прв!

Досегашниот градоначалник на Гостивар и од синоќа нов министер за здравство, Арбен Таравари преку социјалните мрежи се обрати до јавноста со писмо за кое нагласи дека е едно од најпосебните во неговата кариера и го посветува на Гостивар и гостиварци.
„Сакам да му се заблагодарам на мојот тим, на сите што работеа покрај мене со посветеност! Оние кои работеле долги часови, кои дале многу повеќе труд од својата плата, оние кои не се појавуваат и не сечат инаугурациски ленти, тие се вистинските херои кои ставиле печат на секоја нова улица, секоја градинка, училиште, парк и јавна површина. Сакам да им се извинам на сите оние на кои не успеавме да им завршиме работа… во сиромашна земја, а особено со противничка влада каква што имавме, многу е тешко да ги исполниш обврските што ги имаш, но како и да е, политичката промена веќе се случи и ќе дојдат подобри времиња. Ќе станам министер за здравство, ќе бидам ангажиран со партијата и со ВЛЕН, но секогаш ќе бидам подготвен да му помогнам на Гостивар. Секаде и во секое време треба да знаете дека мојата врата е отворена за вас, затоа што за мене Гостивар ќе биде засекогаш Прв!“, напиша меѓудругото Таравари.
По неговото заминување со Општина Гостивар ќе раководи Валбон Лимани како вршител на должноста градоначалник.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?