Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари со сопартијците на средба со албанскиот претседател Бегај

Објавено

на

В.д. претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, придружуван од сопартијците Исен Шабани, градоначалник на Врапчиште и Артина Ќазими, Абдула Салиу и Сирија Рашиди, пратеници во Собранието на РСМ беше на прием кај претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Како што соопштија од партијата средба е оценета како плодна и братска, и ги потврдила пријателските односи меѓу двете земји, со заложба за нивно продлабочување.
„Честитајќи му за изборот во функцијата, му се заблагодарив на претседателот Бегај за незаменливата улога на Албанија во регионалната соработка, вклучувајќи ја и примерната солидарност со соседите на нашиот заеднички пат кон Европската унија. Му честитав за покажаното лидерство на Република Албанија на меѓународен план, што се докажува и со организирањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан на 6 декември, историски настан за Тирана и за целиот регион“, изјави претседателот Таравари по средбата.
На оваа средба се разговараше и за зајакнувањето на регионалната соработка на Западен Балкан, при што беше потенциран напредокот постигнат во Берлинскиот процес и заедничкиот регионален пазар, а беа разгледани и многу прашања од заеднички интерес, како што се Заедничкиот буквар и Куќата на Азбуката во Битола, соопшти АА.
„Побарав од претседателот да се заложи за спас на ова албанско духовно наследство од пропастот што беше најавено пред извесно време. Разговаравме и за реализација на некои други стратешки проекти за нацијата, како што се железничката пруга Кичево-Лин и Патот на Арбр“, нагласува Таравари.
Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена