Гостивар
Таравари: Стручна анализа за Амбла од Комисијата уште еднаш, за конечна одлука во каква паралелка ќе учи

Општина Гостивар ќе бара Комисијата за категоризација одново да изврши стручна анализа за состојбата на Амбла, за да се донесе конечна одлука: Дали девојчето да посетува настава со инклузија или во паралелка за деца со посебни потреби. Ова го изјави градоначалникот Арбен Таравари по денешната средба на која учествуваа родители на соучениците на Амбла, наставници, психолог, дефектолог и претставници од училиштето „Единство“, како и членови на Комисијата за заштита од дискриминација.
„Родителите на Амбла беа повикани, но не дојдоа, не знам зошто. Проблемот настанал еден месец пред второто полугодие, имало елементи на агресивност кај неа и тоа е непобитен факт. Освен што има Даунов синдром, има и елементи на аутизам и тоа се констатира во извештајот даден од Комисијата за категоризација за такви деца. Елементи на агресивност се регистрираат и од податоците кои ги добиваме од одредени родители на децата кои учат со неа, и за време на часови биле повредени од неа, за жал. Иако класот е адаптиран со пијано за неа, затоа што тоа го сакала многу, иако децата се грижеле за неа, но за жал имало непријатни случки кои создавале загриженост кај другите деца и родителите. Ние како општина ќе побараме од Комисијата за категоризација уште еднаш да се направи анализа добро, и да се донесе дефинитивен заклучок: Дали Амбла треба да продолжи во паралелка со инклузија или во паралелка за деца со посебни потреби“, истакна Таравари.
Родителите кои беа дојдени на средбата не сакаа јавно да зборуваат, а изјава немаше ниту од Комисијата за заштита од дискриминација.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите