Гостивар
Таравари: За училиштата да не плаќаме индустриска струја, а зимскиот распуст да трае 2 месеци
Општина Гостивар во пресрет на новата учебна година излегува со предлози до Министерството за образование, за кои сметаат дека ќе помогнат во справување со последиците од енергетската криза. Локалната самоуправа апелира МОН да лобира за училиштата да се плаќа струја како за домаќинставата, а не индустриска, како и да се продолжи зимскиот, а скрати летниот распуст.
„Нашиот предлог и апел до МОН е, прво: како општина за училиштата плаќаме индустриска струја, значи да се лобира цената да биде како за домаќинства. И второ: децата да користат распуст два месеци во зима, декември и јануари да бидат неработни, учебната година да трае до 30 јуни, а новата да почне од 15 август. Практично 2 месеци да одмораат преку зима, бидејќи така заштедуваме енергија . Обично најстудени месеци се декември и јануари, барем да биде распуст.“, изјави денес градоначалникот Арбен Таравари кој одржа состанок со директорите на основните и средни училишта во Гостивар.
На состанокот се разговараше околу подготовките за новата учебна година со акцент на тоа како училиштата можат да заштедат електрична енегија, во услови на енергетска криза.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар