Гостивар
Таравари: Условите на ВМРО-ДПМНЕ се конфузни и надвор од реалноста

„Алијансата за Албанците внимателно ја анализира новонастанатата состојба што уследи по средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Размената меѓу двете најголеми македонски партии со понуди и контрапонуди за гласање на уставните промени, директно влијаат и на интересот на Албанците. “, изјави денес на прес конференција во Гостивар претседателот на АА, Арбен Таравари и најави дека до крајот на неделата раководството на партијата ќе одржи состанок и ќе излезе со конечен став.
Тој ги оцени поставените условите на опозициската партија се нереални и неостварливи.
„Иако нивните услови се конфузни и надвор од реалноста, ја поздравуваме новата волја на ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени. Како што сите знаеме, нашата преговарачка рамка одобрена од 27-те земји-членки на ЕУ експлицитно го условува отворањето на преговорите со усвојување на уставните измени. Значи, првин усвојување на уставните измени, а потоа отворање на преговорите. Затоа, оценувам дека условот на македонската опозиција за суспензивни уставни измени е едноставно неостварлив, бидејќи е во спротивност со преговарачката рамка на ЕУ. Уставните измени треба да стапат во сила најдоцна до моментот на одржување на Втората меѓувладина конференција.“, рече Таравари.
Во однос на условот на ВМРО-ДПМНЕ за излез на албанските партии од владата, тој нагласи дека за неговата партија не биле важни изборните калкулации, туку завршувањето на европскиот процес и перспективата на граѓаните.
„Алијансата за Албанците реши да влезе во владата заради процесот, но ќе се адаптира во зависност од новите околности, дали во владата или надвор од неа. За нас е важно само завршувањето на процесот и ќе дадеме свој придонес, без услови и без уцени.“, рече Таравари и повтори дека како партија ќе продолжат да се залагаат за отстранување на 20 проценти и воведување на албанскиот јазик во Уставот на земјата.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!