Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари во увид на градежни објекти: Инвеститори добија 7 дена рок за рушење

Инвеститори на две згради во Гостивар добија рок од седум дена, сами да ги срушат деловите од објектите со коишто излегле надвор од градежната дозвола. Во спротивно, рушењето ќе го изврши општината. Ова е епилогот од денешната контрола на терен, што ја спроведе гостиварската локална власт. Едниот објект е близу автобуската станица, а вториот на ул. „Илинденска“.

На увид излегоа градоначалникот Арбен Таравари, заедно со одговорните од општинскиот Сектор за урбанизам и градежниот инспекторат.

„Кај објектот спроти автобуската станица, поставени се столбови на 4 метри, кои се незаконски. Побаравме од изведувачот, за една недела да ги отстрани и тој ни даде збор дека ќе го направи тоа. Ако не ги отстрани, тука сме ние да ги отстраниме. Со инвеститорот на вториот објект еднаш претходно имавме вербален конфликт, кога се обиде да излезе надвор од градежната дозвола, а ние го спречивме. Сега, оди во висина повеќе, поставени се столбови што излегуваат од максимално дозволената висина. И од него бараме за една недела да ги отстрани недоследностите“, изјави градоначалникот.

Теренската контрола уследи по пријави на граѓани и сознанија на надлежните за урбанизам.

„Јас како чесен и одговорен граѓанин пријавив дека дел од зградата кај автобуската, се гради на диво. Последниот ред од столбовите се класична дивоградба и тие беа бетонирани за време на викендов. Немам ништо против инвеститорот и изведувачите, само сакам да дадам свој продонес за воведување ред, а конкретно сум и дирекно тангиран, затоа што живеам во зградата веднаш до оваа којашто се гради“, вели гостиварецот Агим Мустафаи.

Таравари рече дека немале поддршка од централната власт за војната со градежната мафија, но дека одлучно ќе продолжат да се борат против дивоградбите со цел ставање ред во сферата на урбанизмот.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!