Поврзи се со нас

Гостивар

Таравари: За излез од неизлезот – Техничка влада!

Став на Арбен Таравари, потпретседател на Алијанса за Алнаците и градоначалник на Гостивар:

Објавено

на

Политичката хистерија што ја зафати планетава се чини како најмногу да дојде до израз во Македонија. Мали сме во географска смисла на зборот, но „гиганти“ сме во однос на корупцијата. Секојдневно живееме и сме сведоци на корумпираното бирократско мочуриште, во коешто плови сè и сешто. Власта е во постојана кавга со неколку држави, како да не ѝ беше доволен сомнителниот начин на доаѓање на тронот. Ме потсетува на сицијалијанска организација од 70- тите. Во декорот фалат уште прстените на малиот прст и префиксот Дон. Пурите и оделата се тука. Неволји на сите страни.

И покрај сè, по природа сум оптимист и верувам во решенија. Не е доволно само да се фокусираме на проблемите. Решението се состои во два збора, техничка влада. Без партиски натпревар, затоа што ако нешто ни стана јасно досега е дека таквите натпревари се манипулираат и нема победник, туку победен. Партискиот каприц треба да излезе од врата и од ѕидовите на владините седишта и да почне да функционира кабинет кој наместо своите ќе ги полни џебовите на граѓаните.

Итна, стручна интервенција е потребна во следниве жаришта:

  1. Корупција
  2. Невработеност
  3. (Не)образование
  4. (Не)здравство
  5. (Не)администрација

Наместо формулата „нова власт – ново ‘племе’ на работа“, потребна е инвестиција во квалификуван кадар, којшто полека ќе нè носи кон хоризонтите на професионалното, очекуваното и продуктивното, а не во сосема обратното. Економијата ќе земе здрав здив само ако соодветно се ‘таргетираат’ овие 5 невралгични точки, бидејќи на Македонија не ѝ недостигаат пари туку транспарентност. Парите на народот одат на сметка на една мала група ‘контролори’ или подобро ‘конфискатори’ на јавниот џеб, па така градовите имаат по 4-5 газди, а останатите се слуги или непријатели на дворот.

Друг проблем кој ја наметнува својата ‘цена’ е и нашиот однос со блиските, а и подалечните соседи. Дипломатијата е особено чувствителен сектор, кој што има потреба од меѓупартиска нтервенција, без политички страсти со јасна визија и мисија. Со децении го чекаме Денот! Според календарот на власта, сите бевме известени дека ЕУ ќе ги започне преговорите за максимум еден месец, а по отворањето на преговорите прашање на денови беше влегувањето во ЕУ. Но, другиот календар беше европско – бриселскиот, каде што денот трае според политичката стратегија. Извештајот е јасен – високата корупција додава многу дневни часови. Па, така еден ден ни се мери како една година.

Техничката влада ќе мора да даде приоритет на излез од кризата на историските дилеми и да работи на усогласување на владиниот и ЕУ – календарот. Токму во такво ‘руво’ оваа влада би дала пример за сите други, идни влади, работејќи и не очекувајќи пофалби и комплименти, туку успешно завршувајќи ги своите задачи.

На Македонија не ѝ треба Столе кого го вработи братучедот, ниту Шабан чијашто функција е заслужена поради семејната поврзаност со партискиот лидер. Сега е време на сите оние дами и господа кои се истакнаа во аулите на домашните и меѓународните универзитети, кои си ја сакаат земјата и народот, да дојдат до израз. Сега е време да владеат експерти! Немаме ниту една минута за политички играрии или псевдо-стратегии. Сега е време партиите да се стават на фронтот и да делуваат со сиот свој потенцијал, но во конструктивна, а не деструктивна смисла на зборот. Во спротивно, решението ќе си (о)стане само мисловна именка, а иднината на државата заробена во рацете на неколкумина ‘босови’ со јасна визија за својот личен напредок, а со мрачна за напредокот на народот.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена