Вести
Таравари за обвинувањата од ДУИ: Работиме законски, воведуваме ред во урбанизмот
На обвинувањата на неговите политички противници од ДУИ, дека поддржува дивоградби кои се градат на простор наменет за спортски терени, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари одговори дека откако дошле на власт работат на воведување на ред во урбанизмот и дека не се издаваат дозволи незаконски.
„Дозвола за градба не е издадена за ниту еден објект кој не ги исполнува сите услови. Доколку има потреба инспекциските служби излегуваат на терен, вршат увид, прават записник и ако се утврдат незаконитости се преземаат соодветни мерки. Во однос на обвинувањата дека граделе мои роднини, јас можам да кажам дека во Гостивар има четворца инженери и шест доктори со презиме Таравари и тие си имаат приватни фирми. Зарем јас треба да ги уништам? А ако се најде било каква поврзаност на општината со овие фирми и било какви нерегуларни дејствија за заеднички интерес, слободно нека ме пријават.“, изјави градоначалникот.
Таравари посочи дека токму тие што го обвинуваат, го кочат развојот на општината и прават опструкции. „Се случува во Комуналец, управниот одбор избран од ДУИ и СДСМ да не го гласа тримесечниот извештај на директорот. Со тоа се блокира работата и зафати кои се важни за претпријатието. А Комуналец никогаш повеќе не работел како сега. Се соочуваме со пречки и опструкции по сите основи“, изјави првиот човек на Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград