Гостивар
Таравари за Пописот: Луѓето бегаат зашто не гледаат перспектива во оваа држава

Резултатите од Пописот 2021 покажаа дека Полошкиот регион за 20 години загубил најголем број на население, над 52.500 лица, а во Општина Гостивар има околу 26% помалку граѓани. Пад на бројот на жители се бележи низ целата држава, освен во Скопскиот регион, кој е единствен каде во последните две децении е евидентиран раст.
Во одговор на новинарско прашање на Gostivarpress.mk, да ги искоментира податоците од Пописот, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, рече дека иселувањето е последица на лошите состојби во државата во сите области. од што граѓаните се разочарани.
„Ние горе долу знаевме дека бројките ќе бидат такви. Сите гледаме дека по улиците, населбите, селата иам се помалку и помалку луѓе. За жал, Гостивар е еден од попогодените општини со минус од околу 22.000 жители, од сите етнички заедници. Има помалку и Македонци, и Албанци и Турци, освен Роми кои се отприлика со иста бројка регистрирани. Луѓето бегаат од државата од разочараност, од лош образовени систем- посебно високото образование, лош здравствен систем, нефункционална правна држава, криминал и корупција на сите страни. Луѓето не гледаат перспектива овде и бегаат. Ова не е од сега, ова се случува 20 години наназад“, изјави градоначалникот.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето