Гостивар
Таравари злоупотребен во лажна реклама на производ за слабеење

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој по професија е невролог, предупреди дека е злоупотребен во маркетинг цели на реклама за производ за слабеење. Тој ги повика граѓаните на внимателност, а институциите да преземат мерки против ваквите лажни рекламирања.
„Како лекар, длабоко сум загрижен за ширењето лажна реклама во мое име за производ за слабеење, за којшто се тврди дека придонесува за губење на телесната тежина. Ги повикувам луѓето да бидат исклучително внимателни кога наидуваат на вакви содржини, коишто во дадени околности дури може да предизвикаат и големи штети по нивната здравствена состојба. Мој приоритет отсекогаш бил грижа за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Сите граѓани треба да имаат пристап до точни и веродостојни информации кога станува збор за нивното здравје и благосостојба. Ги повикувам институциите да преземат мерки против ваквите лажни реклами коишто не само што можат да ги доведат потрошувачите во заблуда, туку и да предизвикаат сериозни здравствени ризици.“, алармира Таравари.
Претходно на лажни реклами во нивно име за разни препарати предупредија и микробиологот Никола Пановски и кардиохирургот Сашко Кедев.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение