Вести
Таравари тврди дека директорите на училиштата ангажираат кадар на црно
Во Гостивар и по десетина дена од почетокот на новата учебна година, не стивнува нетрпението меѓу локалната власт и училишните управи, кое почна по одземањето на надлежностите на општината во образованието. Градоначалникот Арбен Таравари денес на прес посочи дека околу 35 наставници, професори и учители биле избркани од работа, а на нивно место настава почнале да држат лица кои не биле пријавени во Агенцијата за вработување и немале здравствено и пензиско осигурување.
„Ги прашувам бесправно назначените директори од страна на Министерството за образование, кои се овие луѓе што држат настава, а нашите граѓани не знаат кој им ги воспитува и образува моментално децата. Дали тие имаат лиценци и дали ги исполнуваат условите за држење настава?”, истакна Таравари.
Градоначалникот рече и дека во неколку училишта, каде директорите на своја рака објавиле тендери за превоз, се уште не е обезбеден потребниот транспорт за учениците. „Ние како општина, иако не сме обврзани, ќе интервенираме со единствена цел да не ги оставиме овие ученици без транспорт”, изјави тој.
Таравари ги повика Просветниот инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Обвинителството да преземат мерки за овие случаи кои општината писмено ги пријавила кај нив.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар