Музика
Тажна вест во музичкиот свет: Почина пејачот на Linkin Park
Честер Бенингтон, вокалот на познатиот рок бенд „Linkin Park “ почина на 41 годишна возраст, јавуваат светските медиуми. Првичните информации се дека пејачот извршил самоубиство во својот дом во Лос Анџелес, Калифорнија.
Фановите се во шок и по социјалните мрежи во знак на сеќавање се споделуваат хитови од групата и препознатливи настапи од концерти на бендот ширум светот.
Самоубиството на Честер се совпаѓа со датумот на роденден на неговиот близок пријател и колега, Крис Корнел, фронтменот на Саундгарден, кој си го одзеде животот во мај годинава. Бенингтон зад себе остави шест деца од два брака.
„ Linkin Park “ периодов беа на средината на светската турнеја за последниот албум „One more light“
Се потсетуваме на хитот „Numb“ од вториот албум на групата „Meteora“, издаден 2003-та година.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград