Гостивар
Течат неколку тендери за територијата на Гостивар
На електронскиот систем за јавни набавки, актуелно можат да се најдат неколку отворени постапки за јавни набавки, од различни јавни институции објавени за територијата на Гостивар.
Општина Гостивар прибира понуди за: Поставување на парно греење и промена на прозори во објектот на противпожарна единица Гостивар, како и Ангажирање на Агенција за привремени вработувања за потребите на oпштина Гостивар за 2020 година и Изработка на општи акти за 11 населени места во општина Гостивар.
Основниот суд Гостивар, има отворено тендер за: Купување метални шкафови за архивата на Основниот суд Гостивар. Додека, НУ Центар за култура АСНОМ Гостивар има јавен оглас: Извршување на печатарски услуги за потребите на НУ Центар за култура „АСНОМ“ Гостивар за период од една година.
На листата тендери се наоѓа и оглас од Центарот за развој на полошкиот плански регион кои бараат понуди за: Изработка на техничка документација за Пробивање и изградба на алтернативен пат од магистрала Гостивар-Кичево до депонија Русино, Општина Гостивар.
Во тендерот од Агенција за млади и спорт: Монтажа, изнајмување и демонтажа на лизгалишта во Република Северна Македонија, опфатен е и Гостивар.
-
Гостиварпред 4 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград