Македонија
Тече повикот за пријавување на нерегистрирани лица во матична книга на родени
Во тек е повикот за доставување на барање за дополнителен упис и прибирање на податоци за лица кои што не се евидентирани во матична книга на родени.
Барањето за дополнителен упис може да се достави до подрачните канцеларии на Управата за водење на матичните книги. При поднесувањето на барањето за дополнителен упис, лицата треба ги поднесат документите кои што се потребни за упис на раѓање.
Во рамките на овој повик доколку лицата не поседуваат било каков документ/доказ потребен за поднесување на барањето за дополнителен упис, службеникот ќе биде должен да го прими барањето се со цел собирање на податоци за лицата кои што не се евидентирани во матичната книга на родени и добивање на официјален податок за тоа колку лица во Република Македонија не се регистрирани во матичната книга на родените.
Лицата кои ќе се пријават на повикот а при тоа не поседуваат никаков документ дополнително ќе бидат известени за постапката.
Сите лица кои што се соочуваат со нерегистрирано раѓање во матична книга на родени потребно е да се обратат исклучиво до подрачните канцеларии на Управата за водење на матичните книги во согласност со наведениот повик. Повикот трае до 30 септември.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар