Поврзи се со нас

Гостивар

Техничката министерка Мизрахи во посета на Центарот за социјала во Гостивар

Објавено

на

Од Министерството за труд и социјална политика информираа дека во текот на вчерашниот ден, министерката Рашела Мизрахи била во работна посета на Центрите за социјална работа во  Гостивар и во Тетово, кадешто остварила средба со директорите, Надица Величкоска и Дарко Обадиќ.

„Министерката се интересираше за условите во коишто работат центрите и начинот на работа со странките кои бараат услуги од нив. При тоа, таа потенцираше дека прва и основна цел на центрите е од тука да излезат задоволни странки посебно затоа што станува збор за лица кои се најчесто во некаков ризик или, пак лица коишто имаат потреба од подадена рака од државата од одреден момент во нивниот живот.  Мизрахи ги слушна и проблемите и предизвиците со кои се соочуваат вработените во овие центри. Тие се детектирани, и таа вети дека сѐ што е во нејзина моќ и во рамки на законите ќе биде преземено за вработените да добијат подобри услови за работа, бидејќи ако се тие задоволни и странките ќе бидат задоволни од нивните услуги. Вработените во центрите се линкот помеѓу ранливите категории на граѓани и државата којашто треба да ги слушне нивните проблеми за потоа да дизајнира политики прилагодени на потребите на лицата во социјален ризик.“, се наведува во соопштението од Министерството.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена