Гостивар
Техничката министерка Мизрахи во посета на Центарот за социјала во Гостивар
Од Министерството за труд и социјална политика информираа дека во текот на вчерашниот ден, министерката Рашела Мизрахи била во работна посета на Центрите за социјална работа во Гостивар и во Тетово, кадешто остварила средба со директорите, Надица Величкоска и Дарко Обадиќ.
„Министерката се интересираше за условите во коишто работат центрите и начинот на работа со странките кои бараат услуги од нив. При тоа, таа потенцираше дека прва и основна цел на центрите е од тука да излезат задоволни странки посебно затоа што станува збор за лица кои се најчесто во некаков ризик или, пак лица коишто имаат потреба од подадена рака од државата од одреден момент во нивниот живот. Мизрахи ги слушна и проблемите и предизвиците со кои се соочуваат вработените во овие центри. Тие се детектирани, и таа вети дека сѐ што е во нејзина моќ и во рамки на законите ќе биде преземено за вработените да добијат подобри услови за работа, бидејќи ако се тие задоволни и странките ќе бидат задоволни од нивните услуги. Вработените во центрите се линкот помеѓу ранливите категории на граѓани и државата којашто треба да ги слушне нивните проблеми за потоа да дизајнира политики прилагодени на потребите на лицата во социјален ризик.“, се наведува во соопштението од Министерството.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар